Недела е ден резервиран за големото ракометно дерби. Во салата „Боро Чурлевски“ Пелистер го пречекува Вардар 1961, дуелот е закажан со почеток во 19 часот. „Црвено-црните“ пред оваа пресметка се на лидерската позиција со 44 бода, четири повеќе од актуелниот македонски првак.
Ракометарите на Пелистер ќе имаат максимална поддршка од своите фанови, билетите веднаш се распродадоа. За нив победа ќе значи враќање на надежта дека можат да дојдат до уште една титула, на другата страна пак најтрофејниот со нови бодови од ова дерби ќе зачекори цврсто кон враќањето на пехарот.
Последната пресметка меѓу двата тима, исто се играше во Битола и заврши со убедлива победа на битолчани (28-23).
Пелистер влегува после поразот од Барселона во последниот меч од Лигата на шампиони, додека пак Вардар 1961 го има убедливото издание против Мелсунген на гости за директен пласман во четвртфиналето во Европската лига.
„И Пелистер и ние имавме тешки натпревари во Европа, но сметам дека добро ќе се подготвиме бидејќи имавме време. Одиме во Битола кај нашиот најголем ривал кој е втор на табелата. Верувам дека добро ќе се подготвиме за овој меч бидејќи каде и да игра Вардар мора да оди на победа и да игра убав ракомет. Одиме во Битола како и на секој натпревар и да го победиме актуелниот шампион на Македонија“, изјави Иван Чупиќ.
Покрај оваа средба денеска играат Тиквеш и Бутел Скопје, мечот е закажан во 18 часот.










