Вардар ја фрли Битола во очај и направи ЏИНОВСКИ чекор кон титулата (ФОТО)

634

Вечното дерби во плеј-офот заврши со победа на Вардар 1961 откако на гостински терен, во преполната салата „Боро Чурлевски“ славеше со 22-27. Сега „црвено-црните“ имаат шест бода предност во однос на актуелниот шампион и се на чекор до пехарот.

Валах имаше десет одбрани, Малус осум гола, додека Лазаревски седум погодоци од исто толку обиди. На другата страна по три гола имаа Манасков, Видомски, Хакбарт и Кузмановски.

Дуелот стартуваше со минута молчење во чест на жртвите во Кочани.

Интересно прво полувреме во кое Вардар 1961 поведе само двапати 0-1 и 1-2. Пелистер со головите на Граховац и Хосни поведе со 3-2. Вардар во деветтата минута  остана без Митровиќ, кој доби директен црвен картон при 4-3. Од овој момент битолчани направија серија од 3-1 за 7-4 во 12 минута. Овој налет го прекина Малус кој до 13-та минута постигна четири гола од вкупни пет за неговиот тим, а Вардар продолжи со серија од 3-0 израмни на 7-7 во 18-та минута.

Сепак резултатот се промени, па Пелистер во 24-та минута дојде на плус три (11-8). Вардар не успеа да искористи неколку напади за израмни, дојде на 11-10. Пешевски зголеми на 12-10. На одморот резултатот беше 12-11.

Георгиевски и Лазаревски на стартот на второто полувреме го вратија минималното водство 12-13. Од овој момент се играше гол за гол. Валах продолжи со добрите одбрани, а неговите соиграчи да држат ритам, во 42. минута Малус донесе нов пресврт 15-16. Алушовски повика тајм-аут.

На средината на второто полувреме, Вардар преку Тузолана поведе со 16-18, Малус не реализираше за плус три. Хакбарт и Хосни израмнија на 18-18 (период во кој противникот имаше играч помалку), Вардар ја задржа минималната предност од еден гол.

Од 52. минута Пелистер целосно се распадна. После тајм-аутот на Чупиќ, Георгиевски и Тузолана после одбрана на Валах од седум метри зголемија на први плус три за Вардар на овој меч, 19-22. И „црвено-црните“ не застанаа тука зголемија на 21-26 и веќе ја најавија победата. Оваа позитива беше доволна за голем триумф и голем чекор кон враќање на титулата.

ПретходноКомо со пресврт до триумф над Рома!
Следно“Извини мамо, ама…!“(ФОТО)