Селекторот Лазаров со дополнителен повик за ракометар на Вардар!

693

Репрезентацијата на Македонија утре ќе има собир и ќе почне подготовки за бараж натпреварот за пласман на СП 2027 што следи подоцна пролетва. Македонија ги прескокнува мартовските квалификации и во Неделата на ЕХФ ќе одигра пријателски натпревар на гостински терен на 21 март во Брегенц, Австрија против соодветниот австриски национален тим предводен од шпанскиот тренер Икер Ромеро. Селекторот Кирил Лазаров минатата недела објави список на ракометари кои треба да се појават утре на првиот собир, а дополнително е повикан уште еден играч. Кристијан Анастасовски, пикерот на екипата на Вардар 1961 доби повик и утре треба да биде меѓу ракометарите што ќе се подготвуваат за дуелот со Австрија.

ПретходноТаре: Лука има отворен договор и за следната сезона, тој сам ќе одлучи
СледноПМФЛ: Пелистер до бод во Кратово, Работнички освои три златни бода на гости кај Башкими!