Деспотовски е нов одбојкар на црногорскиот шампион Будва

179

Само кусо откако македонската одбојкарска репрезентација ги заврши настапите на Европското првенство во Финска, техничарот на нашиот национален тим, Филип Деспотовски успешно ги заврши преговорите за неговиот нов клуб следнава сезона.

Деспотовски во новата сезона ќе го носи дресот на црногорскиот шампион Будва.

„Се договорив со Будва. Ќе настапувам за нив во Лигата на шампионите, што е нивен приоритет, а секако во првенството во тој завршен дел, плеј-офот, во битката за титулата. Веќе три дена сум во Будва, тренирам со момците, а почнуваме и со пријателски мечеви“, ни изјави Деспотовски.

Минатата сезона нашиот репрезентативец ја заврши во Естонија.

ПретходноОд Милан до Судува: Хонда потпиша за литванскиот вицепрвак
СледноНавивачите на Наполи се тепаа со полицијата на стадионот на Лестер (ВИДЕО)