ЛШ: Потоп за Њукасл на „Камп Ноу“, Барса доминантно во четвртфинале (ВИДЕО)

106
фото: Squawka (X)

Трета сезона едноподруго Барселона ќе игра во четвртфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА. Вечерва на „Камп Ноу“, Каталонците го прегазија Њукасл во реванш дуелот со 7:2 и покажаа дека англискиот тим е недораснат за предизвикот наречен четвртфинале.

Иако видовме извонредна драма во првиот дел, Њукасл тотално се распадна на стартот на второто полувреме. Барса поведе со голот на Рафиња во 6. минута, но Еланга брзо израмни на 1:1 во 15. минута. домашните повторно дојдоа во водство преку Бернал (18′), по што следуваше голема грешка на Јамал и втор гол на Еланга (28′) за 2:2. Во самата завршница на првиот дел, францускиот судија Летесие досуди пенал за домашните, кој Јамал со многус реќа го претвори во водство од 3:2.

Во вториот дел се тргна наопаку за Англичаните. Во 51. минута Фермин зголеми на 4:2, па следуваа два гола на Левандовски за 6:2. Во 72. минута Рафиња се запиша повторно во листата на стрелци за конечни 7:2.

Барселона во четвртфиналето ќе ја очекува дуел, најверојатно со Атлетико (М) кој вечерва ги брани оние 5:2 од првиот меч со Тотенхем.

ПретходноЛоша шутерска вечер на Јакимовски, Тренто елиминиран од Еврокупот
СледноСловаците ја победија Украина и се близу до бараж со Македонија