Огромен удар за тимот на МЗТ Скопје: Заврши сезоната за Андреј Магдевски

102

Екипата на МЗТ Скопје се соочува со голем проблем. Тековната сезона е готова за искусниот Андреј Магдевски кој што има огромна улога во тимот и во играта.

Се работи за повреда на коленото, здобиена на дуелот против Тиквеш одигран во рамките од изминатото редовно коло во домашниот шампионат, за што ќе биде потребна подолга рехабилитација и секако пауза. Магдевски нема со сигурност да се врати на паркетот во следните три месеци минимум, што значи дека негов кам бек очекуваме дури од септември.

„Снимките и прегледите кои беа направени, покажаа дека се работи за потешка повреда на коленото, за која што е потребна рехабилитација и пауза“ – изјавија од клубот.

 

ПретходноРаководството на Иран: Бојкот за САД, но не и за Мундијалот
СледноОдлуки на Дисциплинската комисија: Забрана за вршење функција од две години за Марјан Ристески и Џевдет Далипи