Одлуки на Дисциплинската комисија: Забрана за вршење функција од две години за Марјан Ристески и Џевдет Далипи

522

Дисциплинската комисинја при Фудбалската Федерација на Македонија на денешната седница донесе одлуки кои се однесуваат на прекршените правила и прописи за организација на мечевите во ПМФЛ шампионатот, а изрече и поедини суспенции на фудбалски работници кои што нема да имаат право да ја вршат функцијата во следниот период.

Во прв ред се казните за ФК Вардар односно ФК Шкендија за слаба организација на мечевите токму против ФК Шкендија кога станува збор за Вардар, како и за дуелот против Брера одигран во Тетово.

Одлуките на Дисциплинската комисија ви ги пренесуваме во целост:

ФК Вардар се казнува со парична казна во висина од 5000 евра поради фрлање на запалки на натпреварот од 21. коло против ФК Шкендија.

ФК Шкендија се казнува со парична казна во висина од 5000 евра поради фрлање на запалки на натпреварот од 22. коло против АП Брера.

Дејан Сиљаноски фудбалер на ФК Детонит Плачковица се казнува со забрана на настап од 2 натпревари.

Исуфи Авдираман комет администратор на ФК Шкендија Арачиново се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 месец

Марјан Ристески- Претседател на ОФС Кичево се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 2 години

Џевдет Далипи- Потпретседател на ОФС Кичево се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 2 години.

ПретходноОгромен удар за тимот на МЗТ Скопје: Заврши сезоната за Андреј Магдевски
СледноНовото бразилско чудо од дете е мета на „пола“ Европа (ВИДЕО)