Ова е дресот со кој Македонија ќе игра во Копенхаген!(ФОТО)

1131

И дефинитивно најавите се остварија. Нашата најдобра фудбалска репрезентација во иднина ќе биде “облечена“ во Адидас, во најдобриот спортски бренд. ФФМ уште тоа го нема официјализирано, но пред неколку минути на своите социјални мрежи, претседателот на Федерацијата, Масар Омерагиќ го објави новиот дрес, секако со трите линии на Адидас, со кој најверојатно ќе играме во Копенхаген против Данска во рамките на баражот за СП 2026.

Нема дилеми дека дресот прекрасно изгледа, јасно е дека со Адидас нема промашување и ќе го имаме еден од најубавите дресови во фудбалскиот свет.

Да потсетиме, мечот во Копенхаген се игра на 26 март.

ПретходноКадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички
СледноКуртоа паузира најмалку еден месец