Хит-видео: Патрис Евра брутално го исмеа Роналдо за „проблемот“ со овците (ВИДЕО)

978

Патрис Евра брутално го исмејуваше својот пријател и поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, откако се појавија гласини дека португалската sвезда ја напуштила својата куќа во Манчестер поради овците кои биле во нејзина близина.

Помалку од една недела откако се врати во Јунајтед, Роналдо и неговото семејство се иселија од неговата вила од 6 милиони фунти во Чешир, а гласните овци се шпекулира дека се една од причините за оваа одлука.

Евра ги шокираше своите фанови на социјалните мрежи откако постави видео од брод на кој се превезуваат овци, додека држи свирче во устата. Поранешниот соиграч на Роналдо, под видеото напиша: “Не грижи се, брате Кристијано, ги префрлам овците далеку од твојата куќа“.

ПретходноЗидан и Конте чекаат нов „кикс“ на Солскјер за да го сменат на клупата на Јунајтед
СледноЛука Циндриќ мора да оди на операција на рамото