Гатузо одбра за плеј оф дуелот на Италија против Северна Ирска

65

Селекторот на фудбалската репрезенатција на Италија, Џенаро Гатузо, го објави списокот по повод плеј оф дуелот на „Азурите“ против Северна Ирска на 26 март кој секако се игра во рамките на баражот за пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мекиско следното лето.

Гатузо повика вкупно 28 играчи за претстојните натпревари. Меѓу нив е и Сандро Тонали, кој се повреди на дуелот од ЛШ против Барселона за својот Њукасл, но сепак е тука.

Федерико Киеза се враќа во составот, додека Марко Палестра го добива својот прв повик во националниот тим.

Голмани: Елија Каприле (Каљари), Марко Карнесеки (Аталанта), Џанлуиџи Донарума (Манчестер Сити), Алекс Мерет (Наполи);
Одбранбени играчи: Алесандро Бастони (Интер), Алесандро Бонџорно (Наполи), Рикардо Калафиори (Арсенал), Андреа Камбијазо (Јувентус), Диего Копола (Париз ФК), Федерико Димарко (Интер), Федерико Гати (Јувентус), Џанлука Манчиникариестрама (Аталанта), Леонардо Спинацола (Наполи);
Играчи од средниот ред: Николо Барела (Интер), Брајан Кристанте (Рома), Давиде Фратези (Интер), Мануел Локатели (Јувентус), Николо Пицили (Рома), Сандро Тонали (Њукасл);
Напаѓачи: Федерико Киеза (Ливерпул), Франческо Пио Еспосито (Интер), Мојсе Кин (Фиорентина), Матео Политано (Наполи), Џакомо Распадори (Аталанта), Матео Ретеги (Ал Кадисија), Џанлука Скамака (Аталанта);

 

ПретходноТиквеш со лекција за Брера (ВИДЕО)
СледноСтојоски се најде на 24.место на СП во атлетика во сала!