Словенците се премислија, нема да го менуваат селекторот Матјаж Кек

255

Иако селекторот на словенечката фудбалска репрезентација, Матјаж Кек, индиректно понуди оставка по бледите настапи во квалификациите за СП 2022, тој има силна поддршка во Фудбалскиот сојуз на Словенија и најверојатно ќе остане на селекторското столче. Според словенечките медиуми, претседателот Федерацијата, Раденко Мијатовиќ, во интервју потврди дека практично се согласиле да ја продолжат соработката со Кек.

„Селекторот потпиша договор до крајот на циклусот 2022 година, но во принцип веќе се договоривме за нов циклус, односно Лигата на нации, квалификациите и Европско првенство во Германија во 2024 година“, вели Мијатовиќ.

Претходно„На Меси, Нејмар и Мбапе најдобро да им викнеме такси да ги врати во одбрана“
СледноПобедничката на УС Опен: Парите од победата ќе им ги дадам на родителите