Елмас на клупа, Наполи со ран гол славеше на Сардинија (ВИДЕО)

55

Минимална победа од 1:0 за фудбалерите на Наполи на гостувањето кај Каљари во денешниот натпревар од 30. коло во Серија А. Елиф Елмас остана на клупата за резерви по враќањето на Де Брујне во првиот состав на гостите, а победничкиот гол на мечот беше постигнат уште на самиот почеток.

Во 2. минута од натпреварот МекТоминај со својот седми сезонски гол ги доведе момците на Антонио Конте во водство од 0:1, водство кое до крајот не беше променето, а Наполи ја запиша и четвртата последователна победа во лигата.

Со овие три бода наполитанците остануваат зад Интер со негатива од 6 бода, но и натпревар повеќе.

ПретходноТФТ по едно продолжение ги освои бодовите во Куманово
СледноИдниот викенд Ф4 на Купот на ОФМ: Штип и Струмица уште во полуфиналето