Македонија на тест со Австрија со мислите во Бистрица

71

Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) ќе одигра пријателски натпревар против Австрија на гостински терен. Мечот се игра во Брегенц, и истиот е дел од подготовките за бараж мечот за пласман на Светското првенство 2027 година. Името на противникот за Мундијалот, нашите ракометари ќе добијат утре за кога е закажан вториот дуел меѓу Словачка и Украина, кој се игра во Бистрица.

Селекторот, Кирил Лазаров за ЕХФ-неделата повика поинаков состав од последното Европско првенство. На располагање ќе ги нема Никола Митревски, Жарко Пешевски, Мартин Серафимов и Игор Ѓоргиев. Во тимот се врати Милан Лазаревски, а повик доби пиекор од на Вардар, Кристијан Анастасовски.

„Австрија е квалитетен противник, секако дека нема да одиме да изгубиме, сакаме да победиме, но резултатот нема да е во прв план, ќе пробаме работи што можеби би ги користеле во баражот.

Кога е репрезентацијата во прашање во секој момент треба да се искористи да се даде шанса на некој нов играч да видиме дали би можеле да го користиме на големи натпреварувања со силни противници. Избравме силен тим на гостински терен затоа што првиот натпревар го играме на гости и тоа ќе биде една добра и ментална подготвка“, рече Лазаров на прозивката. 

ПретходноАрсими пред нов предизвик гостува лидерот, Вардар по нов триумф за мирен репрезентативен одмор!
СледноСопствениците на Ливерпул се откажаа од огромниот проект