Во моментов во Хотелот Хилтон во Скопје се одржува редовното генерално собрание на Фудбалската Фецерација на Македонија.
На почетокот на истото, раководните структури на Федерацијата одлучија да им оддадат почит со едноминутно молчење на оние кои што во изминатата година ги загубивме и кои што не се повеќе со нас.
Васил Рингов, Андреј Лазаров, Васил Кировски Џери, Николче Здравески…. заслужија ваква почит за она што го направија за македонскиот фудбал низ годините, децениите наназад.
Засекогаш ќе бидат во нашите срца… слава им….










