На Редовното Генерално собрание на Фудбалската Федерација на Македонија кое што е во тек, свое обраќање има претседателот на Федерацијата, Масар Омерагиќ кој што со концизен, прецизен и аргументиран говор и им се обрати на присутните и со истиот го образложи своето едногодишно работење.
Омерагиќ директно, и со бројки ја објасни ситуацијата во федерацијата, што начекал како ситуација при неговото пристигнување и каква е истата во моментов.
„Еве само како пример. Во периодот пред да пристигнам како претседател на Федерацијата, во само еден месец од сметката на Федерацијата се извлечени пет милиони евра кои што биле наменети за проекти. Ние не се жалевме поради тоа, само го нотираме како факт. Се трошело недомаќински, душмански на не фудбалски нешта. Како на пример, на авионски билети, на хотели и на слични нешта. Заштедивме со нашето работење во изминатата година еден милион евра, тоа не е мала сума. Додека сум јас претседател тоа ќе биде така. Ќе се работи домаќински, одговорно, и средтсвата ќе се трошат исклучиво за фудбалски нешта“ – изјави во своето обраќање на генералното собрание на Фудбалската Федерација на Македонија, претседателот Масар Омерагиќ.










