Гостивар стави крај на серијата од три порази откако на домашен терен славеше со убедливи 86-66 против Маџари во меч од 20-то коло во Супер-лигата. Домашниот тим кој се наоѓа на претпоследното место на табелата, дојде до важни бодови. Сега има 25, еден помалку од Маџари, кој пак има меч помалку.
Кошаркарите на Гостивар оваа победа ја посветија на спортскиот директор Ѓорѓи Божиноски, кој почина пред една недела.
Две четвртини беа клучни за триумфот на избраниците на Перо Блажевски, првата која ја добија со 22-16 и добро го отворија мечот. Победата ја обезбеди целосно во последниот период во кој беа подобри со 25-16.
Прв стрелец кај домаќинот беше Грегори со 21 поен и 13 асистенции, 16 поени запиша Димитриевски, додека пак 15 имаше Диксон. На другата страна Армстронг имаше 15 поени, додека Грин 13.
Гостивар има скор од пет победи и 15 порази, додека Маџари има 10 победи и исто толку порази.










