Лудогорец – Црвена Звезда на неутрален терен?

388

Денеска Бугарија ја прошири „црвената листа“ со уште неколку земји поради ширењето на коронавирусот. Меѓу нив се најде и Србија, а тоа може да биде проблем за Црвена Звезда пред гостувањето во Разград во 2. коло од Лигата на Европа.

Токму од тука  се разгледува како фудбалерите ќе го изведат патувањето во Разград, а дури се споменува и неутрален терен како опција. Со оглед дека од земјите во опкружувањето, Србија е на „црвената листа“ и на Романија, мечот би можел да се игра во некоја средноевропска земја.

Сепак, ако и натаму Србија остане на оваа листа, тогаш ќе се бара решение преку УЕФА.

ПретходноИсторија за клубот: РК Алкалоид утре го игра својот прв официјален натпревар!
Следно„Шверцерите“ во еуфорија: Шкупи по една година пауза се враќа на Чаир!