На денешен ден: Вака беше во Палермо, вака нека биде и во Копенхаген!(ВИДЕО)

274

Денеска 24 март се навршуваат точно четири години од „Чудото во Палермо“. Беше 24 март 2022 година кога Македонија во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП 2022 во Катар, успеа да ја победи Италија и тоа во Палермо со 0:1.

Стрелец на епскиот гол за таа епска победа беше Александар Трајковски кога од 20-тина метри во 90+3.минута го “стресе“ славниот Донарума и ја фрли во очај цела Италија на чело со селекторот Роберто Манчини.

По таа победа Македонија во финалето играше со Португалија по неколку дена, но во Порто не успеавме да дојдеме до победа и пласман на СП во Катар.

Еве четири години подоцна Македонија одново е во бараж за СП. Прво играме со Данска во четврток, а потоа ако победиме во финалето се среќаваме, исто на гости со Чешка или Р.Ирска.

Со ова видео се потсетуваме на тие епски 0:1 од Палермо.

Вака беше во Палермо, вака нека биде и во Копенхаген.

ПретходноКапинковски: Големо искуство за оваа талентирана генерација на фудбалери
СледноМакедонија У17 ќе стартува против силната Германија на елитниот турнир