Минибаскет фестивал кој донесе ново макси-дружење во Виница!

56

Уште едно посебно дружење на момчињата и девојчињата во М12 генерациите од екипите кои испратија пријави за овој кошаркарски хепенинг во Виница.

Оваа недела, во Спортската сала „Капетан Кирчо Димитријов“во Виница, на неколку специјално креирани терени, прилагодени за најмалите возрасни кошаркарски категории, продефилираа голем број на идни кошаркари и кошаркарки.

Имаа една прекрасна можност да се дружат, но во исто време и да ги проверат своите актуелни кошаркарски знаења со своите врсници од различни градови од Македонија кои беа дел од овој убав настан реализиран од страна на Кошаркарската федерација на Македонија.

Во оваа прилика, кошаркарската федерација на Македонија, упатува голема благодарност до КК „Винеам“ од Виница, за максималната поддршка, техничка „логистика“ и помош во реализција на овој важен проект и своевиден кошаркарски фестивал.

 

ПретходноРепрезентативците пристигнаа во Копенхаген: Одиме на ПОБЕДА!(ФОТО+ВИДЕО)
СледноFanzeal, новата дигитална платформа на македонскиот фудбал