ТРАНСФЕРМАРКТ: Никој како Лука Станковски и Шкендија!

4806

Откако пред десет дена и официјално заврши летниот преоден рок, сега можеме и дефинивно да се позанимаваме со вредноста на нашите играчи и клубови во ПМФЛ. Секако дека сме далеку, светлосни години далеку, од кремот на европскиот фудбал, но секако дека интересно ќе биде да видиме што вели ТРАНСФЕРМАРКТ, специјализираниот сајт за вредноста фудбалерите и клубовите во нашата елитна лига.

Според него кај нас, во ПМФЛ, највреден или најскап е Лука Станковски (19), младиот играч за врска на Работнички и младата репрезентација. Прашање на ден е кога ќе добие повик и за А – тимот. Само тој вреди во милиони, поточно неговата сегашна вредност е 1.000.000 евра со тренд на растење на цената.

На второ место е Егзон Бејтулаи од Шкендија и тоа со 800.000 евра, трет е Љупче Дориев од Шкендија. Интересно, дури шестмина од дванаесетте највредни во ПМФЛ доаѓаат од Шкендија. Но никој не е како Лука Станковски.

Кога сме кај клубовите тука нема промени веќе 3-4 години. Шкендија и натаму е највредна екипа во ПМФЛ со 5.530.000 евра, но Шкупи опасно се заканува со 4.000.000 евра. Трет е Работнички и тоа со 3.850.000, и тоа најмногу благодарение на Лука Станковски, додека на четвртото место, со вредност од 3.480.000 евра е Академија Пандев.

ТАБЕЛА НА ИГРАЧИ

Л. Станковски (Раб) 1.000.000 евра

Е.Бејтулаи (Шке) 800.000

Љ. Дориев (Шке) 600.000

Ф. Алварез (Шку) 500.000

М. Мурати (Шке) 450.000

Ј. Кривак (Шке) 400.000

Д. Мојсов (Бре) 400.000

Т. Китановски (Шку) 350.000

М. Цветаноски (Шку) 350.000

М. Радески (Шку) 350.000

Б. Дита (Шке) 350.000

В. Нафиу (Шке) 350.000

ТАБЕЛА НА КЛУБОВИ

Шкендија 5.530.000 евра

Шкупи 4.000.000

Работнички 3.850.000

А. Пандев 3.480.000

Македонија ЃП 3.100.000

Ренова 2.650.000

Струга ТЛ 2.470.000

Брегалница 2.330.000

Тиквеш 1.760.000

Борец 1.510.000

Пелистер 1.380.000

Скопје 1.350.000

ПретходноМино Рајола го најави враќањето на Погба во Јуве!
СледноТокискиот маратон за 2021 и дефинитивно е откажан!