Историја за клубот: РК Алкалоид утре го игра својот прв официјален натпревар!

656

Утре (сабота) со почеток во 12 часот во СРЦ “Борис Трајковски“, РК Алкалоид ќе го одигра својот прв официјален натпревар во својата историја и тоа против РК Металург РА. Како што е познато РК Алкалоид како ноформиран клуб ќе се натпреварува во Првата лига, која оваа сезона ќе брои 19 клубови.

Екипата на РК Алкалоид е веќе формирана, играчите се во полн тренажен процес и подготвени за предизвиците кои доаѓаат во ракометната сезона. Екипата е составена од млади, талентирани ракометари, кои биле дел од младинските состави на нашата ракометна репрезентација, но и дел од сениорскиот состав. Составот на РК Алкалоид за оваа сезона е следниот.

Голмани: Иван Галевски, Ѓорѓи Ерманоски, Валентино Штаковски

Бекови: Мартин Серафимов, Игор Ѓоргиев, Теодор Тодески, Олег Јорданов, Михаил Ивановски, Божидар Илиески

Кружни напаѓачи: Кристијан Симоноски, Марко Стојковиќ, Дамјан Георгиевски

Крила: Дарио Кофилоски, Александар Стојков, Мартин Димовски, Михајло Костовски

Стручниот штаб е составен од искусни ракометни експерти од нашата држава.

Главен тренер: Љубомир Савевски

Помошници тренери: Биљана Црвенковска, Бранислав Ангеловски, Влатко Котески

Кондициски тренер: Петар Баснарков

Физиотерапевт: Тошо Ристовски

 

 

ПретходноКоман на операција поради проблеми со срцето
СледноЛудогорец – Црвена Звезда на неутрален терен?