Данците панично најавија: Цвајер е осуден за местење на натпревари!

438
ФОТО: X

СпортСпорт“ во Копенхаген, Огнен Чак Дојчиновски

Судијата кој во 2005 година беше осуден од германските власти за местење на фудбалски натпревар ќе биде на центарот во Копенхаген“, вака данските медиуми го најавија судијата Феликс Цвајер кој е делегиран од УЕФА за бараж дуелот Данска – Македонија кој се игра во четврток на стадионот „Паркен“ во Копенхаген.

Дуелот кој е ½ финале во битката за пласман на мундијалот оваа година ќе се игра пред преполн стадион а германскиот судија ја доби довербата на УЕФА.

Зошто во Данска би реагирале на ваков паничен начин за судијата кој во последниве години е еден од најдобрите во светот!? Точно, во 2005 година Феликс Цвајер беше осуден на 6 месеци затвор затоа што примил мито од свој колега за натпревар од германската лига.

No description available.

Интернет порталот „Болд“ излезе со информација дека Цвајер „паднал“ за 2,200 дански круни (околу 300 евра), во споменатиот скандал. Нешто што е смешно дури и за наши третолигашки услови. Сепак се надеваме дека Феликс Цвајер добро прочитал како е најавен од домашните медиуми пред дуелот во четврток.

Искусниот арбитар кој има 44 години на дуелот во Копенхаген ќе ја има поддршката од асистентите Роберт Кемптер и Кристијан Диц.

Во ВАР собара ќе има судии исто така од Германија и тоа Бастијан Данкерт и Саша Штегеман.

ПретходноFanzeal, новата дигитална платформа на македонскиот фудбал
СледноТФТ од минус 18 до победа против Златибор