Како увертира на главната битка: Македонските и данските фанови ќе одиграат пријателски меч

214

СпортСпорт во Копенхаген, Огнен Чак Дојчиновски

Пред утрешната пресметка меѓу Данска и Македонија во битката за пласман во финалето за место на Светското првенство 2026 година, ќе следи увертира меѓу фановите на домашната селекција и македонските навивачи. Пријателскиот меч е закажан на Кловермаркенс Спортс Арена со почеток во 13:30 часот.

Македонските фанови играа и пријателски меч против Велс, тогаш победија со 7-0, а нашите фудбалери беа поразени со ист резултат. Па сега на шега порачаа дека се подготвени да им попуштат на Данците, само Македонија да победи на најважната битка.

„Ако се водиме според она што се случи во Велс, ќе им попуштиме на Данците, само Македонија да победи вечерта“, порачаа нашите навивачи. 

За тимот на Македонија ќе настапат: Војче Петров (голман), Дарио Арсовски, Христијан Темелков, Мијачле Сенов, Огнен Јованов, Кире Цеков( капитен),Кристијан Танчевски, Таше Костов, Петар Танчевски, Мите Митев, Горан Кипријановски, Ване Димитров, Митко Буровски,Шпенди Амзовски и Бобан Јовановиќ.

Селектор ќе биде Ристе Иваноски, кој е исто така македонски фан.

Добро е познато дека над 1.000 навивачи се најавени за мечот меѓу Данска и Македонија, кој се игра утре во Копенхаген.

ПретходноКако до победа на “Паркен“: Македонија не смее само да се брани, мора и да нападне!
СледноСо едукација и превенција до поголема свесност за играње игри на среќа