Crocs minions „стајлингот“ на Јокиќ е хит во САД денеска

231

Синоќа најдобриот кошаркар на денешницата, Никола Јокиќ имаше уште една незаборавна вечер. Во победата над Далас имаше речиси двоен „дабл – дабл“ учинок, за кој што му фалеше само едно додавање.

По дуелот на прес конференцијата, Јокиќ како „што го дал господ“ се појави во најлежерната можна комбинација. Со Crocs minions на нозете, детал кој што нормално американците го забележаа и го пренесоа сензационално.

Јокиќ дефинитивно е единствен, уникатен, неповторлив. И покрај стотиците милиони на сметка и покрај енормно големата слава и медиумско внимание кое што му се посветува, сепак, тој остана онаков каков што беше и кога беше тотално анонимен.

 

ПретходноМакедонија ги добива противниците за заверка на ново Европско првенство!
СледноМане со прв потег – го врати борбениот Егри!