Лути, тажни или разочарани, мора да бидеме попаметни….

456

Од Копенхаген за Спортспорт, Огнен Чак Дојчиновски

Македонскиот фудбалски национален состав синоќа во Копенхаген против домаќинот Данска не успеа да обезбеди поволен резултат во рамките од бараж дуелот кој што евентуално би не однел на следниот Мундијал во САД, Канада и Мексико.

Нашите „национали“ загубија со високи, убедливи и може да се каже заслужени 4:0, во игра со која што не смееме да ја повториме. Туку треба единствено да ја запомниме. За да знаеме како не треба.

Македонија синоќа се „срзна“ на ветерот во Копенхаген. Домаќините велат, ова е Скандинавија ветерот доаѓа од северното море. Тој не „смрзна“ и оддува во реалноста, дека сепак не сме во моментов кадарни за Мундијал. Има на што да се работи во нашиот табор. Селекторот Седлоски имаше само три дена да имплементира она што замислува, а овојпат тоа за жал функционираше само 45. минути. Кога дозволивме удари од далечина но не и зицер ситуации пред Столе Димитриевски. Тој пак супериорен во првиот дел, но во продолжението и него му се „смрачи“. Македонија од соблекувалната излезе исплашена, поинаква, несигурна. Дозволи три грешки да бидат еквивалент на три гола во само десет минути. А потоа се беше готово.

Треба да бидеме лути самите на себе? Да, затоа што сите, пред се фудбалерите знаат дека можат многу подобро, од едноставна причина што тоа и го правеле во минатото.

Дали треба да бидеме тажни? Секако…. не секој ден имаш шанса да играш бараж за Мундијал и да си на 180 минути до најголемата фудбалска смотра на светот.

Разочарани? Е тоа ќе треба да го одговорат самите фудбалери. Еден од лидерите на оваа генерација Дарко Чурлинов синоќа изјави… да можеби најмногу од се сум разочаран што не минавме понатаму. Дали е само ова, или пак националниот тим колективно треба да е разочаран што во еден од најважните мечеви на оваа генерација истиот се распадна за само неколку минути, тоа е веќе нешто што ќе треба да ни го потврди некој одвнатре.

Попаметни? Дефинитивно… Македонија, треба, мора еднаш засекогаш да ги излечи тие детски болести дека на високо ниво не се игра 45. минути, не се игра 60. минути, туку се игра деведесет. Дека секоја грешка скапо се плаќа и дека ништо не се простува.
А сега, сега одиме во Ирска да одиграме за „наша душа“, без резултатски притисок, и ако може без „затемнувања“ од синоќешниот тип.

Селекторот Седлоски јасно кажа дека вакво играчко и тактичко „распаѓање“ повеќе нема и не смее да се случува, и така нека биде.

Селекторе ти си на потег. Да процениш кој погреши, кој се „распадна“ и за кого нема повеќе место во твојата фудбалска визија.

Се гледаме во Даблин….

 

ПретходноБразил загуби од Франција, навивачите скандираа за Нејмар!
СледноДанскиот селектор лут на Столе: Никој не сака да гледа натпревар со голман кој се зафркава 95 минути