Женската репрезентација на Македонија на „Ст.Мери“ во Саутемптон игра против Англија во квалификациите за СП 2023. По првото полувреме огромниот фаворит води со 3:0. Англичанките имаат тотална доминација 80% наспроти 20% имаа и голем број на шутеви (19) од кои четири прецизни.
Од тие четири три завршија во нашата мрежа. Англија води со 3:0 по првите 45 минути. Напаѓачката на Манчестер Јунајтед, Ела Ен Тун донесе предност за Англија, а во финишот на првиот дел Елен Вајт зголеми на 2:0, а на Јулија Живиќ си постигна автогол за предност на Англичанките од 3:0.
Единствениот удар од страна на Македонија го имаше Максути.
FOTO> getty