Македонец ќе биде делегат на историскиот меч Косово – Турција!

456

Во вторник во Приштина се игра исторскиот меч, финалето од плејофот за пласман на СП 2026. Се среќаваат селекциите на Косово и Турција и кој ќе победи ќе избори учество на претстојниот Мундијал кој се игра од 11 јуни до 19 јули ова лето во САД, Канада Мексико.

Ова за нашиот северен сосед е историски меч. Косоворите се на 90.минути пред остварување на сонот. Во Приштина и цело Косово, како и во околните земји владее невидена еуфорија кај Албанците.

Инаку и овој меч не може да мине без Македонец. Имено УЕФА го одреди Филип Поповски за делегат на оваа средба. Значи тој ќе биде “главниот“ на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина во вторник навечер.

Не се сомневаме дека некогашниот г.секретар на ФФМ и тоа како успешно ќе си ја одработи својата задача.

Од друга страна главен судија ќе биде познатиот Мајкл Оливер, еден од најдобрите делители на правдата во Премиерлигата како и во Европа.

ПретходноТиквеш со екстра победа среде Битола!
СледноРаботнички „прокоцка“ голема победа, МЗТ Скопје го отпиша од плеј-оф (ФОТО)