Италијанецот Јаник Синер го освои Мастерсот во Мајами, победувајќи го Чехот Јиржи Лехечка со 2-0 во финалето, со 6-4, 6-4. Синер стана 13-тиот тенисер во историјата, вклучувајќи ја и машката и женската конкуренција, кој ги обединил титулите во Индијан Велс и Мајами во иста сезона, комплетирајќи го таканаречениот „Сончев дабл“.
Од саботата, Белорусинката Арина Сабаленка исто така може да се пофали со такво достигнување, но гледајќи само кај мажите, Синер е првиот по Новак Ѓоковиќ (2016) и Роџер Федерер (2017) кој го кренал трофејот на два американски Мастерс турнири во иста година, одделени со пауза од само неколку дена.
Италијанецот ја освои 26-тата титула во кариерата, а седма на престижните турнири од серијата Мастерс.










