Вардар ги отвора вратите на „Јане Сандански“ за дербито со Охрид

206

Во очекување на дербито со Охрид во домашното првенство, од РК Вардар денеска објавија дека влезот во салата „Јане Сандански“ ќе биде слободен.

„На 2 април, во 18:30 часот, во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, не очекува натпревар кој може да биде клучен во трката за шампионската титула. ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН ЗА СИТЕ! Ова е моментот кога тимот има потреба од секој глас, од секоја поддршка и од полни трибини. Вардар се бори за враќање на титулата во Скопје, а токму ваквите натпревари се оние што ја прават разликата. Да ја наполниме салата. Да создадеме атмосфера каква што само Вардар знае“, порачаа од клубот.

ПретходноУтре во Даблин се игра најскапиот „небитен“ натпревар
СледноЕден навивач загина на отворањето на новата „Ацтека“ во Мексико