Фуксе Берлин е последната пречка за младиот тим на Пелистер за Ф4!

157
ФОТО:.facebook.com/hceurofarmpelister

Сега веќе е дефинитивно јасно. Младиот тим на Пелистер против составот на Фуксе Берлин ќе бие битка за пласман на Ф4 во Келн за младинската Лига на Шампионите.

Откако прво битолчани слаева против Алборг, попладнево и Фуксе Берлин славеше и тоа против тимот на Загреб со неверојани 50:29.

Финалниот меч од овој квалификациски турнир што се одржува во Пореч, меѓу Пелистер и Фуксе Берлин се игра утре од 16:30 часот. Победникот оди на Ф4 во Келн, да се надеваме дека младинците на Пелистер уште еднаш ќе ја израдуваат спортска Македонија со уште еден пласман на Ф4.

ПретходноСофијановски: “Против Ерменија одиме на победа“
СледноМВР: Приведени се тројца фанови на вчерашниот меч МЗТ Скопје – Работнички!