Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Даблин со почеток од 20:45 минути ќе го одигра пријателскиот меч против домаќинот Ирска. Истиот следува по наѓиот пораз во Данска во рамките од бараж дуелот за пласман на Мундијалот, идентично како и домаќинот кој што загуби од Чешка.
Денешниот датум за нас како фудбалска нација има големо значење. На 31. март 2021 година во рамките од квалификациите за Мундијалот, Македонија на гости ја победи големата Германија.
Со голвоите на Пандев и Елмас, нашито национален тим приреди огромна сензација која што на сред корона пандемија, и празни трибини одекна како бомба во фудбалскиот свет.
Да посакаме и вечерва Македонија да одигра на тоа ниво и да обезбеди поволен резултат, кој што ќе не рехабилитира на секаков можен начин.










