Скаути на Мајнц синоќа го „скенираа“ Фетаи

552

По само еден единствен одигран натпревар за сениорската репрезентација на Македонија, Имран Фетаи остави впечаток кој што и тоа како годи. Стоперот на Шкендија синоќа во Даблин, на пријателскиот меч против Ирска на кој што Македонија одигра 0:0 го имаше своето деби за македонскиот национален дрес, и одигра одлично.

Ова го потврди и самиот селектор Гоце Седлоски, кој на пост меч прес конференцијата јавно го пофали дефанзивецот.

Денеска пак, откако и официјално завршни репрезентативната недела доаѓа информацијата дека Имран Фетаи синоќа бил следен од скаутите на германскиот тим Мајнц кој што во моментов е на единаесеттата позиција на табелата во Бундес лигата. Според информациите на Спортспорт, не само што скаутите биле задоволни од она што го виделе, туку наскоро Мајнц ќе пушти и официјална понуда во Тетово.

Ова секако дека е извонредна вест како за Фетаи, така и за Шкендија како клуб, која што периодов има огромен број на понуди за своите играчи кои што играа групна фаза од Лигата на Конференции и минаа во елиминациониот дел.

Фетаи инаку е поранешен младински репрезентативец на Македонија, а пред само неколку месеци одби финансиски одлична понуда од тимот на Ноа од Ерменија.

Клубот каде што Николче Новески е легенда

Секако, Мајнц како клуб за нас е познат единствено и само по Николче Новески и неговите игри во клубот. Легендата на мак фудбалот во Мајнц одбележа цела една декада во која што соработуваше со тренерски легенди како Јирген Клоп, односно Томас Тухел.

Краток престој во клубот своевремено имаше и Драган Ѓорѓиев.

 

 

ПретходноИмран Фетаи, лани испадна со Беса, а сега е најдобар стопер на Македонија!
СледноДонарума: Синоќа плачев, зошто не успеав да ја однесам Италија да биде онаму каде што заслужува