Нено најдобар во победата над Фенер… Димитријевиќ со 22 поени за Баерн

141
ФОТО: FC Bayern Basketball/X

Ненад Димитријевиќ одигра одличен меч во рамките од новото коло од Евролигата вечерва. Неговиот Баерн Минхен на домашен терен го совлада тимот на Фенербахче со конечни 85:76, а нашиот Димитријевиќ е најефикасен кошаркар на мечот со 22 постигнати поени.

Нено на ова додаде и три асистенции и еден скок, во еден од најдобрите негови мечеви одиграни откако е дел од „Баварците“.

Баерн одлично го започна мечот со висока предност од 25:12 по првиот дел, но Фенер во второто полувреме се созема и стигна некако до неизвесен финиш. Сепак, турците немаа сила за комплетен пресврт туку само за поднослив пораз што се вели.

 

ПретходноМладите босанци не се поздравија со израелците (ВИДЕО)
СледноНе е мирно ниту во Приштина…навивачите го товарат Муриќи за предавство, тој возврати жестоко