Никола Граховац го продолжи договорот со актуелниот ракометен шампион на Македонија. Вечерва битолските „зелено-бели“ објавија дека Граховац ќе биде во дресот на Е. Пелистер до 2028 година.
„Потребни ни беа само неколку натпревари да го забележиме неговиот квалитет и да констатираме дека Никола Граховац и Е. Пелистер се создадени едно за друго. Затоа со задоволство ја запознаваме јавноста со новиот договор за сезоната 2026/27, со опција и за сезоната 2027/28“, објавија од клубот.
Граховац пред да дојде во Македонија настапуваше во Хрватска, Унгарија и Германија.










