Катерина Николоска дел од два важни светски турнири

83

Катерина Николоска, единствениот македонски џудо судија избран од Светската џудо федерација да ја дели правдата на најголемите трунири во Светската Џудо Тура, во периодот од 20 до 22 март, сезоната ја отвори со настап на престижниот Grand Slam турнир во Тбилиси, на кој учествуваа 386 натпреварувачи од 51 земја.

По завршувањето на овој врвен World Judo Tournament, Катерина продолжи со одличната работа и судеше на World Cup IBSA, исто така одржан во Грузија.
Исто така, повторно успешно ја положи катата за 2 дан (Katame no kata) пред ИЏФ експертите од Академијата, како уште еден услов за усовршување и напредок како судија во Светската џудо турнеа.

ПретходноСлучајот Каваj Ленард – истрагата сè уште е во тек
СледноЧелзи го суспендираше Енцо Фернандез поради изјавите во јавноста