Македонската фудбалска репрезентација финишираше еден цел циклус на мечеви во квалификациите, а воедно и баражот за пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада следното лето.
„Рисовите“ не успеаа да ја минат последната станица, односно баражот против Данска, но реално и тоа секако е успех.
Македонија пред себе има цел еден нов циклус на мечеви во Лигата на Нациите во која за прв пат сме во шешир со далеку поквалитетни репрезентации и имаме многу мотиви да се покажеме таму.
Со новиот селектор Гоце Седлоски најпрво ќе одиграме пријателски мечеви во јуни, а дури наесен, во септември ќе го отвориме новиот циклус мечеви во Лигата на Нациите.
Фудбалската Федерација на Македонија со видео запис пополнет со мотиви од минатите мечеви против Данска и Ирска јасно става до знаење дека верува во оваа генерација, и дека допрва од неа се очекуваат големи нешта.










