Петровиќ и донесе победа на Брера против Арсими (ВИДЕО)

146

Леонардо Петровиќ донесе триумф за АП Брера против Арсими Фудбалерите на АП Брера остварија важна победа, откако на домашен терен славеа против Арсими со 2-1. Со ова ставија крај на лошата серија од четири меча без триумф во првенството. Арсими поведе во третата минута, кога Марсел Гони погоди со удар со глава по слободниот удар од левата страна.

Домаќинот брзо се врати во егал, откако Филип Михаилов во десеттата минута успешно реализираше пенал. До крајот на првото полувреме мрежите мируваа. Во вториот дел, тимот на АП Брера тргна по трите бода.

Во 76.минута Леонардо Петровиќ имаше убава шанса, но неговиот удар од 14 метри го скроти гостинскиот голман Дејан Силјановски. Сепак, во 79.минута дојде победничкиот погодок токму на Леонардо Петровиќ.

 

ПретходноСилекс до врв ја наполни мрежата на Шкупи
СледноСекуловски: Респект за Шкендија, но одиме по позитивен резултат во Тетово