Тимот на Пелистер го направи подвигот на тековното 25. коло од ПМФЛ шампионатот, откако денеска во Тетово славеше над Шкендија со 1:2.
Со головите на Спировски и Керим во судиското продолжение, битолчани успеаа да ги освојат можеби клучните три бода сезонава, што можно е да значат и дефинитивен опстанок.
Мане Секуловски, новиот стратег е херојот, кој што во првиот меч откако седна на клупата успеа да му „скине скалп“ на шампионот, а ова славеничко видео од соблекувалната на Пелистер секако дека е видео записот на колото.















