Како „планина“ голема победа на тимот на Брегалница попладнево во најновото коло од ВМФЛ шампионатот.
Штипјани денеска со 0:1 беа подобри од тимот на Скопје на Автокоманда. Со голот на Талески, избраниците на Влатко Костов направија мини сензација, и со тоа го направија овој второлигашки шампионат уште поинтересен и понеизвесен до крајот.
Од друга страна Охрид со 3:0 на свој терен го совлада Новаци, додека пак Беласица кискна со ремито без голови против Осогово во Струмица.
Детонит со 3:2, успеа да го совлада Кожуф, додека Саса со сигурен триумф од 1:4 кај Преспа.
Шкендија Арачиново немаше проблеми против Тетекс и победи со 2:0.
На табелата дури три екипи имаат по 52 бода и се на врвот, а тоа се Охрид, Брегалница и Шкендија Арачиново. Скопје е следен со 50 поени.










