Денвер Нагетс славеа против Сан Антонио Спарс со 136-134 во еден до најинтересните натпревари од ННБА лигата синоќа. Спарси влегоа во овој натпревар со 11 последователни победи, додека Денвер имаше серија од седум победи, но серијата на крајот беше продолжена за тимот на Колорадо.
Натпреварот започна во исклучително офанзивен ритам, а во центарот на вниманието беа Никола Јокиќ и Виктор Вембањама. Гостите во еден момент стигнаа до двоцифрена предност, но избраниците на тренерот Давид Аделман одговорија со серија тројки и ја намалија разликата до крајот на четвртината.
Периодот го одбележа и дуелот меѓу Јокиќ и Вембањама, по што српскиот центар заврши на паркетот со крвав нос (43:36). Почетокот на последната четвртина донесе нови проблеми за домашниот тим без Јокиќ на паркетот, што Вембања го искористи и постигна осум поени. Враќањето на српскиот центар беше проследено со враќање на Денвер, со значителна помош од Браун. На крајот се придружи и Џамал Мареј , кој постигна тројка и му го донесе на својот тим првото водство од почетокот на натпреварот. Сепак мечот отиде на продолжение каде Денвер за два поени беше подобар.
Најефикасен играч во победничкиот тим беше Јокиќ со 40 поени, 13 асистенции и осум скока, додека Браун додаде 21. Вембањама со 34 поени, 18 скока и седум асистенции бше ајдобар кај гостите.
Мајами го победи Вашингтон со 152-136 на домашен терен. Џејми Хејкс го предводеше победничкиот тим со 32 поени, додека Келел Вер додаде 24 поени и 19 скока.
Детроит како гостин беше подобар од Филаделфија со 116-93.










