Дарио Ивановски постави нов национален рекорд на 10.000 метри!

173
фото: Dario Ivanovski (FB)

Уште еднаш Дарио Ивановски ја искажа сета своја класа во македонската атлетика. Нашиот маратанец и тркач на долги патеки на Купот на Македонија, кој се одржа денеска на Националната Арена “Тодор Проески“, не само што убедливо победи на 10.000 метри туку постави и нов национален рекорд во време 29:07.94 минути.

Ова за него е фантастичен резултат како и за македонската атлетика. Едноставно Дарио покажа дека нема конкуренција во Македонија на долги патеки во моментов.

Дарио со овој резултат испиша историја. Со неверојатна леснотија, сигурен чекор и шампионски дух, Ивановски леташе по патеката – испишувајќи нови стандарди за македонската атлетика.

ПретходноРаритет: Шампионот во НХЛ не успеа да се пласира во плеј-офот
СледноВан Дајк им се извини на навивачите на Ливерпул!