Дејан Георгиевски со златен медал на “Скопје Опен Г1“ (ВИДЕО)

50
Голем успех на најдобриот македонски таеквондист, и еден од најдобрите македонски спортисти воопшто, Дејан Георгиевски. Во финалната борба на престижниот турнир “Скопје Опен Г1“ кој што во моментов се одржува во нашиот град, Георгиевски во својата категорија го освои златниот медал.
Популарниот „Сокол“ во финалето беше подобар од Илиа Рудерман од Израел во супериорна борба.
До овој успех стигна со четири фуриозни борби. Прва победа над Абдула Ал Магди од Австрија, во втората борба елиминиран беше европскиот шампион Иван Шапина од Хрватска,а во полуфиналето елиминиран бронзениот светски медалист Пашко Вожиќ од Хрватска.

ПретходноСтоле и Валенсија загубија дома од Селта
СледноЗаврши регуларниот дел од кошаркарскиот шампионат: ТФТ е лидер, Тиквеш се „протна“ во плеј – офот, а Куманово отпадна