Македонската женска ракометна репрезентација денеска стартува со мини-подготовките за последните квалификциски натпревари за пласман на Европското првенство.
Нашите ракометарки се на чекор како една од најдобро трепласирани селекции да се најдат на континенталното натпреврување, но треба да одиграат два добри меча против фавортите Германија, дуел кој се игра на осми април во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18 часот, и против Словенија на гостински на терен четири дена подоцна.
Актуелна табела на третопласирани селекции:
1.Португалија 2
2.Украина 0 (-19)
3.Македонија 0 (-24)
4.Финска 0 (-25)
5.Грција 0 (-27)
6.Италија 0 (-35)










