ГРК Охрид е на два меча до нова историја. Македонскиот претставник се пласираше во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, откако славеше на двете средби против Олимпијакос.
За противник на патот до финалето, охриѓани го имаат тимот на Целје. Потврдени се официјалните термини на одигрување на двата меча.
Првиот натпревар ќе се одигра во Словенија на 25.04.2026, а реваншот во „Билјанини извори“ на 02.05.2026.
За потсетување минатата сезона ЕХФ Европскиот Куп го освои Алкалоид и тоа со македонски играчи.










