Талентите на Ал Араби под “команда“ на Југослав Тренчовски!

1082

Југослав Тренчевски, некогашниот тренер на А. Пандев и директор на клубот, направи трансфер во Кувајт и тоа во шампионот на таа земја. Имено Тренчовски ќе биде тренер на Б – тимот на Ал Араби и директор на Академијата на најдобриот клуб во Кувајт. Инаку тренер на првиот тим е Анте Мише, некогашниот играч на Хајдук и познат хрватски стратег.

Ова за Тренчовски е прв интернационален предизвик, досега со успех работеше во Академија Пандев долги години. Под негово водство струмичани го освоија и Купот на Македонија, а играа и за првпат во својата историја и во фудбалска Европа.

ПретходноСедлоски: Среќен сум што се враќаме на Чаир, пред нашите навивачи!
СледноПрвиот човек на Бадел: Сите зборуваат за родова еднаквост, но во пракса сликата е поинаква!