Монпелје и официјално е противникот на Вардар во четвртфиналето

130

Екипата на Монпелје и официјално ќе биде противникот на Вардар во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп. Вечерва во реванш-дуелите од осминафиналето, Елверум успеа да домашен терен да слави над францускиот тим со 35:31, но не успеа да ја надомести огромната негатива од првиот меч во Франција.

Монпелје го доби првиот меч на домашен терен со дури 12 гола разлика и по тој меч практично со една нога отиде до четвртфиналето. Сега Французите одат на Вардар во двомеч за пласман на завршниот дел од натпреварите во ова второ по ранг европско натпреварување.

 

ПретходноФудбалскиот свет во шок: Почина легендарниот стратег Мирчеа Луческу
СледноНишто од Словенецот: Атлетико (М) ќе мора без Облак на мечот со Барса