Битола ќе „гори“ – двојна програма: Охрид и Вардар ги чека „пекол“!

266
Фото: Чкембари Битола/Фејсбук

Денеска во Битола се играат два дерби дуели. Двојната програма во градот на конзулите прво почнува во салата „Боро Чурлевски“ каде актуелниот првак, Пелистер е домаќин на ГРК Охрид, дуелот стартува во 18 часот, а билетите се пуштени во продажба.

По завршување на ракометното дерби, фановите ќе се преселат на стадионот „Петар Милошевски“ каде се игра вечното фудбалско дерби помеѓу Пелистер и Вардар кое е закажано со почеток во 20 часот. Битолчани се во долниот дел од табелата и бодовите против лидерот ќе бидат и тоа како добредојдени. „Црвено-црните“ пак се лидери и имаат три бода предност пред Шкендија која прво ќе бара победа против Работнички, а потоа кикс на Вардар.

Фудбалскиот меч ќе биде со хуманитарен карактер, се собираат донации за Елена на која и изгоре куќата и го загуби и својот татко. Таа остана сама со две деца, од кои едното е болно (дијагноза – менингитис). Во овие тешки моменти, нашата поддршка и е повеќе од потребна.

Во Битола цела недела се подготвуваат за ракометното и фудбалското дерби. Се бара победа и на двете средби.

ПретходноДесеткуваните Лејкерси се безнадежни против шампионот!
СледноФотографија од ногата на Мбапе стана вирална: Како е можно ова да не е црвен картон?