Вардар е шокиран во Велешта, поразен е со 2:1 од истоимениот домашен тим во меч од 4.коло во ВМФЛ – ЗАПАД.
Големиот фаворит добро го почна мечот, успеа со 1:0 да поведе преку Николов во 37.минута. Велешта израмни во 57.минута преку Даути, а во 62.минута видовме мајсторија на Нијас Лена. Тој, откако претходно беше досуден пенал за домашните, со “паненка“ го измами Илиќ и успеа со мајсторски гол да му донесе голема победа на својот тим.
Пред година -две ретко кој можеше да помисли дека еден Вардар ќе ги губи од Велешта во меч од Втора лига.
Ова е втор пораз на вардарци во изминатите четири кола сезонава.
Да кажеме дека во последните секунди од мечот вардарци ја погодија пречката на Велешта, а последните 20 минути ги играше со играч помалку откако беше исклучен Мартин Блажевски.