ЛШ – 1/4 финале: Нов шпански спектакл, во Париз дуел меѓу европскиот и англискиот шампион!

163
FC Barcelona

Вечерва на програмата во најелитното клупско натпреварување во Европа се вторите први четвртфинални дуели. Вчера беше супер интересно во Мадрид и Лисабон, а вечерва од 21 часот очекуваме нови возбудувања.

На “Камп Ноу“ повторно силите ќе ги одмерат Барселона и Атлетико Мадрид, уште еднаш сезонава. По мечевите во Копа дел Реј и во Ла Лига, сега на ред дојде пресметка и Лигата на Шампионите. Јасно е дека и двата тима си имаат свои амбиции, посебно каталонската гордост која сака двојна круна сезонава. Од друга страна тимот на Чоло Симеоне покажа дека знае како да игра против составот на Ханси Флик, да се потсетиме како беше во Копа дел Реј.

Во Париз на “Паркот на принцовите“ дуел меѓу европскиот и англискиот шампион, ПСЖ против Ливерпул. Составот на Луис Енрике полека, но сигурно, ја крева формата, додека “Редси“ не си ни бледа сенка од оној тим од лани кој си се прошета во Премиерлигата. Сепак Арне Слот има квалитет да дојде вечерва до добар резултат, за да потоа во реваншот на „Енфилд“ следната недела се бори за пласман во следната фаза. Од друга страна ако „светците“ одиграат како што знаат, тогаш нема да биде изненадување ако и вечерва стават печат на пласманот во полуфиналето.

Сепак, сепак ова е Лига на Шампини, ова е мегдан на големи клубови, ова е пресметка за уживање.

ПретходноКомити најавија големо гостување, Чкембари подготвуваат тифо спектакл
СледноАртета: Ова е само прво полувреме!