Нено е скромен, не му се важни бројките: Ова е тимска победа, ваков Баерн треба да гледаме и во иднина

115

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и неговиот тим Баерн Минхен остварија уште една победа во Евролигата, откако на гостински терен ја совладаа Виртус Болоња, со резултат 85:50.

Димитријевиќ и овојпат беше главнма алка во таборот на Баварците, и запиша дабл – дабл уќинок, од 11 поени и десет асистенции, момент што го радува тренерот Светислав Пешиќ и неговите соиграчи.

Нено по одличната партија, е скромен и за него не се најважни бројките туку тимскиот успех.

„Одлично одигра целиот тим. Одигравме со голем ривал, каде што правилно ја спроведовме тактиката на тренерот. Најдобри сме кога го правиме ова, ко0га игравме еден за друг, и се бориме како вечерва. Тоа е нашиот идентитет, и не треба да го менуваме до крајот на сезоната“ – изјави по победата Ненад Димитријевиќ.

ПретходноВардар ја доби последната „битка“ во Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноКомити најавија големо гостување, Чкембари подготвуваат тифо спектакл